Ferrari 612 Scaglietti

popara29 септември, 20111min00
0

Ferrari 612 Scaglietti е луксузен автомобил произведуван од 2004 до 2010 година. Scaglietti e купе автомобил со две врати. Овој модел бил дизајниран да го замени помалиот модел, Ferrari 456M. Неговата големина го прави да биде комотен за четири лица.

Дизајнот, а особено страничниот преден дел и главните светла, потсетуваат на посебно изработеното Ferrari 375 MM, кое директорот на компанијата, Роберто Роселини, го нарачал за неговата жена, Ингрид Бергман.

Овој модел на Ферари е вториот, по 360 Modena, кој целосно е изработен од алуминиум. Што се однесува до моторот, Ferrari 612 Scaglietti го дели истиот мотор со Ferarri 575M Maranello. Моторот има 12 цилиндри и 532,6 коњски сили. Автомобилот може да постигне максимална брзина од 315 километри на час, а брзина од 100 километри на час постигнува за 4,3 секунди.

Ferrari 612 Scaglietti  е долг дури 4,9 метри, широк 1,95 метри, и висок 1,34 метри. Исто така има и релативно голема тежина, 1725 килограми. Овој модел во 2011 беше заменет со Ferrari FF (Ferrari For Four).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma