Стоматолошка ординација во Токио, нуди искривување на забите кои, верувале или не, се најнов хит третман на убавина кај жените во Јапонија, пишува Oddity Central. Стоматологот при третманот повеќе им ги истакнува очниците на пациентите. Во западните земји, ваквиот третман се смета за непожелен, но во Јапонија тоа е крик на убавината и се смета за едноставно неодолив.
Невообичаениот хит се вика ‘yaeba, и веќе долго време јапонските ѕвезда гордо ги покажуваат своите искривени заби, што ги прави повеќе популарни.
“Yaeba” со години е ИН, во Јапонија, а веќе постои и салон каде што врз здравите заби се ставаат вештачки искривени заби за да не мора да се интервенира врз “пациентот”.