Кога некоја личност ни се допаѓа, се обидуваме да ја привлечеме со давање на одредени знакови за кои се надеваме дека ќе ја постигнат целта. Овие знаци кај мажите и жените се разликуваат за нијанса, но честопати од двете страни целта е иста.
Од поглед до допир
Можете да флертувате на директен или индиректен начин.Кај директниот флерт се работи за брз телесен контакт, додека кај дискретниот флерт потребна е одредена тактика, која обично почнува со заводлив поглед. Тоа трае околу три секунди и се повторува со паузи, бидејќи целта гледа во друга насока, но со погледот постојано се враќа на вас.
Потоа следи пристапување. За да флертот се претвори во запознавање, едниот мора да го скрши мразот. Некогаш флертот може да се заврши и набрзина, ако пристапот не е во право време или ако е изведен на погрешен начин. Кога другата личност ќе го прифати пристапот, телото постепено продолжува со флерт, што на крајот би требало да доведе до секс. По пристапот следува телесно приближување. Всушност,за време на пријатниот разговор личностите меѓусебно и телесно се повеќе се доближуваат, што многу лесно може да доведе до прв контакт.
Некои соговорници еден до друг се доближуваат по неколку минути разговор, додека на други за тоа им е потребно повеќе време. Жените како изговор за телесно доближување често го користат со палење на цигара.
Јавно невино флертување
Секојдневно сите флертуваат на еден или друг начин. Постојат ситуации кога можеби не сфаќате дека флертувате. Нежна насмевка на мажот што ја задржал вратата за да влезете, пријатен елегантен поздрав на згодниот колега. Или пак ситуации кога станувате мета на флертувањето – комплимент за вашиот изглед. Сите луѓе уживаат во ваквите односи и продолжуваат секојдневно да ги создаваат. Јавното флертување е невино, но доставува задоволство, ја зголемува самодовербата и ја прави комуникацијата позабавна.
Приоѓање
Доколку сметате дека во просторот каде што се наоѓате има некој кому треба да му ги поклоните вашите „5 минути“ тогаш добар почеток за вас би бил да почнете да го гледате. Тој наскоро ќе го забележи тоа, па доколку сте негов тип тогаш и тој ќе ви се приклучи во играта. По кратко време, пријдете му и проговорете му за било што. На пример дека ви изгледа познат од некаде и сл. Не чекајте го неговиот одговор, туку веднаш одалечете се и дозволете му тој да ја продолжи играта. Само така ќе му укажете дека тој сега е на ред.
Поглед на вистинско место
Доколку се наоѓате во разговор со момчето кое што сакате да го однесете во вашето дом, тогаш слободно во текот на разговорот спуштете го погледот малку подолу, во доменот на неговата уста. Потоа уште подолу… Забележувате ли некакви промени кај него? Се нафаќа ли на вашата игра?
Допир со телото
Доколку се наоѓате во некое кафуле во близина на вашата симпатија, слободно пријдете му и со вашата дланка допрете го некаде. Направете го тоа како знак дека треба да ви отстапи место или да поминете. Кога тој ќе се сврти и ќе ве погледне, насмевнете му се. По овој чекор вие ќе бидете многу поблиски со него отколку претходно. Сите психолози се согласуваат во едно – допирот е најдобар начин да се спријателите со некого.
Состанок
Доколку не сакате веднаш да му се предадете на момчето со кое што флертувавте, поканете го на состанок, да се видите во некоја следна прилика. НО, внимавајте овој состанок треба да го организирате на некое возбудливо место, со што дополнително ќе придонесете на нивото на допамин во неговиот мозок. Токму тоа е хемијата која што ќе застане на ваша страна и ќе ви помогне момчето да почувствува страст кон вас. А тоа најдобро се случува кога атмосферата е возбудлива… во Луна – парк, на картинг или во Зоо… Битола или Скопје.. Бидете креативна..