Режисерот Емир Кустурица поради почетокот на снимањето на новиот филм за Православието ги испратил своите адвокати да го одложат сослушувањето на основа на тужбата против Петар Луковиќ, уредник на Е-весник. Кустурица во судот бара надомест за нанесена штета на неговиот углед и чест, бидејќи во горенаведениот портал било објавена статијата под името “Новогодишна бајка за убијци.” Сепак, уметноста е поважна од било што друго, па Емир си заминал за Требиње, каде што го снима филмот.
Оваа филмско дело на Емир Кустурица е едно од осумте филмови за светските религии на кој ќе работат осум светски познатит режисери, како браќата Коен, Мире Наир, Сорентина … и за секој ќе бидат одвоени 10 минути. Направив приказна за еден монах. Кога тој ќе заврши со утринските обврски, зема ранец и го полни со камења, се качува на ридот, каде на врвот собира еден грозд, и потоа се симнува на подножјето. Таму доле тој плаче, и додека плаче тој го јаде гроздот. Ова е комбинација на митот за Сизиф и мачењето на Православната идеја, изјавил Кустурица.