Познатиот фудбалер Дејвид Бекам отворено си кажа – секој „потенцијален“ дечко на неговата ќерка ќе мора да помине преку него и неговите три сина.
Гордиот татко на малата Харпер Севен, која има само три години, во интервју изјавил дека се соочува со сосема нов предизвик – воспитување и растење на ќерка. По трите синови, Бруклин Џозеф, Ромео Џејмс и Круз Дејвид, на Бекамови конечно им се исполни желбата за наследничка.
„Харпер е многу помирна од моите синови. Тие воопшто не спиеја како бебиња, а Харпер секоја вечер заспива во единаесет часот и се буди дури наредното утро. Тоа е вистински благослов“, изјавил Бекам.
„Харпер е навистина женствена. Секое нејзино движење и глас не воодушевуваат. Навистина е прекрасно да се има ќерка“, вели гордиот татко.
Харпер Севен е едно од најпознатите бебиња на светот, па може да претпоставиме дека ќе биде една од најпосакуваните девојки кога ќе порасне. Сепак, татко Дејвид уште сега предупредува – тој и неговите синови ќе бидат нејзини чувари.
„Дефинитивно ќе бидам нејзин чувар. Ќе им наредам на моите синови да ја испраќаат кога ќе оди на состанок и да ја враќаат дома, а јас ќе бидам буден и ќе ја чекам“, предупредува познатиот фудбалер.
Е баш да видиме кој ќе биде тој зет – јунак кој ќе има храброст да и пријде.