Иако своевремено важеше за најуспешна жена на светот, а минатата година се најде на шестото место, изгледа за познатата водителка Опра Винфри работите тргнаа по надолна линија.
На листата на највлијателни жени во светот на бизнисот, кое го објавува списанието ФОРТУНЕ, на прво место се најде Ирене Росенфелд, директорката на Крафт Фуд, по неа Индра Ноји, директор на ПепсиКо, додека на трето место се најде Пет Воерц, директорката на Арчер Даниелс Мидленд.
На листата на најдобри 10 се најдоа и Елен Кулман, Анџела Брели, Андреа Јунг, Џини Ромети, Урсула Брнс, Мег Вајтмен и Шерил Мекој.
Како критериуми на избирање на најуспешните жени, ФОРТУНЕ ги наведува големината и важноста на нивниот бизнис во светски рамки, состојбата на бизнисот, кариерата на жената и културното и социалното влијание.
Иако Опра Винфри со години беше помеѓу првите 10 највлијателни жени на светот, годинава таа се најде на 16 место. Мора да направи нешто ново доколку сака повторно да се најде на врвот. Инаку, од тука линијата оди само надоле…