ВИДЕО: Може ли Kindle Fire на Amazon да ја загрози доминацијата на iPad?

popara1 октомври, 20111min00
Untitled

Амазон што штотуку го затресе таблет пазарот. Неговиот табелет Fire по цена за 199 долари со 7 инчен екран во боја осетлив на допир,  би можел да стане првиот blockbuster Android таблет.

Откако за него слушавме неколку месеци, најголемата интернет продавница на Amazon, конечно го претстави својот долго очекуван таблет кој користи бесплатен Google Android  опреативен систем. Однадвор овој црн уред изгледа точно како iRIM Play Book, што и не треба да не изненади бидејќи го изгради истиот продавач како и на iPlayBook. На едната страна на уредот има вградено едно копче, а на другата стерео звучници. Дебелината му е 11,5 милиметри, но нема вградена камера.

Истотака нема 3G туку само WiFi, а нема оставено место ниту за додатни доградувања па ќе треба да се задоволите со 8GB интерна меморија. На вас ви следуваат 6G, меѓутоа Amazon упорно повторува дека ќе имате неограничена достава во „облакот“

Целосното име на таблетот е Kindle Fire. Во неговата внатрешност има Texas Instruments dual-core процесор  кој го поддржува Android 2.3 OS. Времетраењето на батеријта е повеќе од 8 саати, а екранот прикажува 16 милијони бои. Поддржува moultitouch, но само со два прста.
Ова е првиот уред наменет за пасивно користење на содржината, а содржини на Amazon има во огромен број. За секој нов сопственик на овој таблет е овозможено 30 дневно пробно користење на Amazon Primea, сервис чија претплата е 79 долари годишно која овозможува неограничен streaming ТV и видеа т.е. со сето тоа бесплатна дводневна достава.
Доста е поефтин од iPad, па може да се каже дека ќе го освои поширокиот пазар и на тој начин да и се закани на доминацијата на Apple.
Според првите впечатоци, таблетот од Amazon не е подобар од Apple iPad, меѓутоа тоа не ни била намерата. Се работи за ист уред (таблет), но со различна логика, бидејќи Аmazon зад себе има медијска содржина која ќе им ја достави на корисниците.
Корисникот го добива со однапред регистриран пристап на целата содржина на Amazon од кој поголемиот дел е во „облакот“. За разлика од Apple iCloud не постои ограничување во количината на содржините кои Amazon ќе ги спреми за вас или колку долго ќе трае таа содржина која ја посакувате. Ова е поради тоа што многу едноставно се пристапува кон големата библиотека на Amazon во „облаците“; е-книги, филмови и телевизиски емисии. Всушност не се работи за тоа дека во „облаците“  ќе треба да се зачува секоја содржина од корисникот. Но, затоа главнта карактеристика  на овој уред е цената, т.е. може да биде добра алтернатива на корисниците со едноставни потреби, поточно за читање книги, гледње телевизија и филмови.
Навистина ниту еден Android таблет немал ваков успех. Можеби сето тоа ќе го промени Amazon Fire. Што мислите вие?

http://www.youtube.com/watch?v=jUtmOApIslE&feature=player_embedded

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag