Епохален проект! Бил Гејтс ќе прави нуклеарка!

popara1 октомври, 20111min00
98604

Американскиот милијардер креира реактор кој ќе може целата планета да ја снабдува со ефтина електрична енергија.

Бил Гејтс американскиот милијардер и основач на „Мајкрософт“, прави револуционерен нуклеарен реактор кој светот ќе го снабдува со неограничена количина на ефтина струја, а при тоа тој процес ќе биде безопасен за околината.

Бил Гејтс работи на нуклеарен реактор. Компанијата „Тера Пауер“, која го спроведува овој проект, настојува да се направи „реактор со патувачки бранови“, со погон од осиромашен ураниум.

Реакторот ќе работи така што ќе предизвикува атомска реакција само во еден дел од нуклеарниот материјал, кој ќе биде нуклеарен отпад, па подоцна ќе се движи како бран низ останатите материјали. На бранот ќе му бидат потребни од 50 до 60 години да се прошири од едниот до другиот крај на реакторот, со што ќе се преминува само по еден сантиметар годишно. На тој начин генераторот би можел да работи и 100 години без полнење.

На овој мултимилионски проект „Тера Пауер“ работи со уште 24 партнери од целиот свет. Планот е конструкцијата да се заврши до 2016 година и да почне да работи во 2021 година.

„Тоа ќе биде револуционерна мисија“, изјавил Бил Гејтс.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma