Силни раце, тенки нозе, стегнат задник – овие “грицки” ќе ви помогнат да завршите добар тренинг.
Суви смокви
Првокласен извор на бруталан храна. Ќе му ја обезбеди на телото потребната енергија, идеалани се за пред тренинг. Покрј тоа, содржат големо количество на калиум – важен минерал за забрзување на регенерација на организмот.
Бадеми
Богати се со алфа – токоферол, форма на витамин Е што телото го апсорбира најбрзо. Овој витамин има антиоксидативно дејство и го спречува оштетувањето на клетките по вежбањето. Изедете една шака бадеми во текот на денот.
Темно чоколадо
Содржи флавонол, кој припаѓа на групата на растителни супстанции кои користат за здравјето. Исто така, ја стимулираат циркулацијата на крвта, што особено им одговара на вашите мускули по тренингот.
Банани
Поради голема количина на калиум, кој го содржи ова овошје, нема да имате проблем со грчеви во мускулите. Покрај тоа, поради големите количини на јаглени хидрати, бананите се вистинско супергориво за мускулите.