Усаин Болт светскиот рекордер на 100 и 200 метри, неодамна гостуваше во шоуто на Џими Кимел, кој е познат по тоа дека на своите гости секогаш им приредува некакви предизвици.
За Болт, Кимел смислил интересна трка на 36 метри, во која одлучи тој да победи и да стане најбрзиот човек во светот, а за тоа да го направи мораше некако да го успори Болт.
Водителот одлучи на јамајканецот да му даде трката да ја изведе со огромна свадбена торта во рацете, а за да победи Болт требал да не му испадне ниту едно парче од тортата на повеќе спрата.
Се разбира, тоа Болт го успори, Кимел на целта стигна прв и да му каже на јамајканецот: „навистина сум изненаден колку си спор“!
httpv://www.youtube.com/watch?v=zGzby01gfc8