Роберто Кавали, еден од вистинските љубители на женските тела во светот на модата ја претстави својата нова ready-to-wear есен / зима колекција на модната недела во Милано.
Доколку следната година биде запаметена по некој неверојатен настан, или пак можеби крајот на светот, дамите благодарение на Кавали ќе изгледаат прекрасно на тој ден. И оваа година најновата колекција е отсликана со животински отпечатоци, се до идеализам доведени секси детали.
Заводливоста е на прво место, затоа што овој италијански дизајнер одамна сознал дека модата е голем бизнис и добра забава, но секако не уметност.
Во колекцијата се забележува дека се употребени потемните бои, како црната, кафената, темно сивата боја. За сите љубители на овие бои еден совет: шминката нека биде со природни нијанси.
Погледнете го видеото и почувствувајте малку гламур од модната писта во Милано.