Ако мислевте дека Балканците се незадоволни со своето место на живеење, прашајте ги Британците што тие мислат. Поточно, Обединетото Кралство е еден сајт каде посетителите бирале земја со најлош живот во Европа, најголемиот процент кликнале на Велика Британија.
На Британците најповеќе им пречи нескладноста на квалитетот на живот и високите цени. Франција и Шпанија според посетителите се „ветените земји“, барем ако се земе индексот за квалитет на живот, додека Велика Британија е на дното на листата Европски земји, според посетителите на овој сајт.
Според работното време, одморите, квалитетот на здравството и образованието,Франција е на првто место. Британија е на дното и другата листа која се однесува на цените на енергија, гориво, храна, алкохол, цигари и очекувањето траење на животот. Луѓето во Бротанија имаат најкратко време за годишен одмор, а најдоцна заминуваат во пензија.
Истражувањето опфатило 2000 возрасни лица, а голем бил бројот на загрижени жители во Британија поради се поголемата стапка на насилство и криминални дела.
Со животот во оваа земја задоволни се само 5% од испитанците.