Заборавете на кратко на сјаевите за усни. Карминот повторно е во мода. Погледенте ги неколкуте правила со кои се служат професионалците кога станува збор нанесувањето кармин на усните.
- Започнете свежо – неколку пати неделно правете пилинг на усните, а потоа нанесувајте само лабело.
- Пронајдете ја вистинската нијанса – изберете ја бојата на карминот според природната боја на усните, а не на тенот.
- Бојата на кожата – сакате бежови нијанси, тогаш треба да одберете една нијанса посветла или потена од вашиот тен, н ишто повеќе што ќе отстапува од тоа и ќе делува неприродно.
- Избегнувајте вамп изглед – нијансите со потемен пигмент може да изгледаат на вашата усна застрашувачки.
- Не ги отцртувајте усните – повеќе не треба со моливот да поминувате околу рабовите на вашите усни.
- Омекнете ги рабовите – внимателното шминкање е добро, а клиничката прецизност не. Нежно избришете ги краевите на усната.
- Започнете од средина – без оглед која нијанса ја нанесувате, секогаш започнете во средина, а потоа влечете ги линитее кон рабовите.
- Не претерувајте – јаките бои нанесувајте ги само на долната усна, а потоа преклопете ја и на горната, а потоа со прст размачкајте.
- Марамчиња – ако сакате бојата да потрае, нанесете го карминот, притиснете со усните на марамче, а потоа повторно нанесете мал слој кармин.