Некои можеби би ја нарекле стара крпа затегната на дрвена рамка, но ова “слика” на аукција се очекува да достигне износ од 65.ooo евра, пишува Daily Mail. Минималистичкото дело на уметникот Боб Лоу навистина е само бело платно на кое нацртал рамка и го додал датумот и неговиот потпис. Делото е наречено ”Nothing to be Afraid of V 22. 8.69.”.
Лоу е познат како еден од основачите на британското минималистичко сликарство, но во текот на животот не добивал признанијае за својата работа. Тој починал во 2004 година и остави зад себе голем број на уметнички дела.