Ексцентричниот Алфред Дејвид веќе четириесет години живее опседнат со пингвините, поради тоа го добил и прекарот “г-дин Пингвин”.
Алфред кој има 79 години, е толку опседнат со овие животн, што сака да биде погребан на Јужниот Пол, облечен во костум на пингвин.
Мојот сон е да бидам закопан на дното на океанот, во близина на местото каде што живеат пингвините, изјавил пензионерот од Брисел, чиј живот се променил во мај 1968 година кога бил повреден во автомобилска несреќа. По несреќата тој почнал да криви на едната нога и за кратко време го добил прекарот “г-дин Пингвин”.
Неговата опсесија со овие слатки суштества се зголемувала од ден на ден, и сега Алфред има колекција од 3.500 предмети кои се поврзани со пингвините.