Радикални промени: ако може црнец да биде претседател на САД, тогаш црнец може да биде и Џејмс Бонд!!!

popara1 октомври, 20111min00
crnec

Иако Даниел Крег во моментот се припрема за својата трета улога како Џејмс Бонд, креаторите на легендарниот таен агент се во потрага по нова „фаца“. Поттикнати од примерот на американската нација која избра црнец за претседател, творците на серијалот „Џејмс Бонд“ во моментот размислуваат да го ангажираат актерот Ајдрис Елба, кој е афроамериканец.

Елба, кој е еден од ретките „скромни“ актери, сеуште резервирано пристапува кон целата идеја.

„Би го направил тоа, но не сакам да ме викаат „црниот Џејмс Бонд“. Ме разбирате? Шон Конери не беше шкотскиот Џејмс Бонд, ниту Даниел Крег не беше синоокиот Џејмс Бонд“, изјавил Елба за интервју за СиЕнЕн.

Останува да видиме како црнец ќе се вклопи во улогата на англиски таен агент…Едно е сигурно, а тоа е дека никој нема да го вика „белиот Џејмс Бонд“!!!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma