Студентите во Украина измислиле игра скоро иста како фудбалот, само разликата е во тоа што овде се игра со две топки. Името на играта е “footdoubleball”, и студентите велат дека е по динамична за разлика од обичниот фудбал, и сметаат дека треба да влезе во националниот шампионат во Украина.
Правилата се исти како и во фудбалот, но овде 22 играчи поделени во две екипи но играат со две топки и имаат двајца судии внатре во теренот.
“Кога ќе се постигне гол со едната топка, судијата чека да има некаков прекин(аут, да ја фати голманот втората топка и др.) и веднаш дозволува повторно да се стартува од центарот”, објаснуваат од здружението “Footdoubleball – нова ера”, основана во 2007 година.