Елизабет Харли го покажа новиот „камен“??? Ајде уште една холивудска венчавка годинава…

popara2 октомври, 20111min00
naslovna

Уште една холивудска венчавка е на повидок… Овојпат станува збор за актерката Елизабет Харли, која се вери со своето момче, австралискиот крикет играч Шејн Варн.

Прекрасната актерка гордо го покажувала својот нов веренички прстен на шампионатот Алфред Данхул Линкс, каде присуствувала со својот вереник и со својот син Демиан. Па има и со што да се фали, прстенот е изработен од огромен сафир во форма на коцка со два дијаманти од секоја страна.

Се шпекулира дека Шејн ја запросил Елизабет на романтична вечера, пред огромна група на ВИП личности кои воодушевено ракоплескале откако Елизабет ја прифатила понудата.

Нека им е со среќа, и овојпат навистина нека биде засекогаш за Харли, која досега „смени“ двајца сопрузи. Како викаат, трета среќа…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma