Jaguar XK е низ од серијата на модели која ги опфаќа моделите XK, XK8, и XKR. Моделот XK беше претставен на ауто-шоуто во Женева на 5 март, 1996 година. Првата генерација на овој модел, XK8, го замени XJS, и беше достапна и како купе и како кабриолет. Моделот XK8 беше првото возило од Jaguar кое имал 8 цилиндричен мотор.
Втората генерација на XK била претставена во 2006 госина. Новиот XK е достапен во купе со две врати, и како и кабриолет со две врати, со тоа што моторот и другите делови се сместени во предниот дел. Цената на овој модел се движи од 50.000 долари за постарите, до 130.000 долари за поновите модели.