Бритни Спирс вчера наутро пристигнала во Загреб, со нејзе биле нејзините синови и таткото Џејми. Пејачката пристигнала од Будимпешта, каде што имала концерт, а следниот е закажан за во Загреб. Во предниот дел на хотелот каде што престојувала Бритни се собрале голем број на фанови и новинари кои нестрпливо ја чекале Бритни да се појави барем на кратко. Нивната желба се исполнила на попладне кога Бритни го напуштила хотелот во придружба на своите телохранители. Таа имала неуредна коса и носела сив, долг џемпер. Покрај нејзе биле и синовите кои биле водени за рака од страна на нејзините телохранители.