Тие се познати и секогаш во фокусот на јавноста. Папараците го следат секој нивни чекор. Мало невнимание е доволно за да настане фотографија која покажува дека не се толку совршени како што ние ги замислуваме.
Памела Андерсон, Алиша Кис, Кортно Кокс, Лили Ален, Кејт Мос…
Дами кои мамат воздишки на мажите ширум светот. Но, тие се сепак жени како сите останати, а целулитот е ноќна мора на секоја жена. Тој едноставно постои. Без разлика дали е слаба или полна, целулитот е онаа досадна женска работа која постојано пречи при изборот на гардероба. Но, очигледно овие познати жени немаат проблем да го носат…
Како што можете и сами да забележите, тие не се совршени и “боледуваат” од истите женски проблеми како и сите припаднички на понежниот пол!