Високо протеинска диета за брзо слабеење

popara2 октомври, 20111min00
health-benefits-of-grapefruit

Оваа диета ја има направено американски доктор Херман Тарновер во 70-тите години, а се базира на смалено количество на масти и јаглехидрати. Ако сте доследни во оваа диета, можете да изгубите и до 9 килограми за само две недели.

Појадокот секогаш вклучува половина грејпфрут кој помага во согорувањето калории. За време на оваа диета алкохолот е строго забранер, а дозволени пијалоци се: Кафе без кофеин, црн чај, вода и газирани пијалоци без шеќер.

План на диетата

1 Ден:

Појадок – кафе, чај без шеќер и половина грејпфрут

Ручек – говедско, пилешко или рива во неограничени количини, со салата од домати. По ручекот можете да се напиете каде или чај.

Вечера- печена или варена риба, домати или зелена салата, а како десерт можете грејпфрут или диња.

2 Ден:

Појадок – кафе, чај без шеќер и половина грејпфрут

Ручек – овошна салата во неограничени количини со овошје по желба, потоа кафе

Вечера – плескавица од мелено месо со варен зеленчук во неограничени количини.

3 Ден:

Појадок – кафе, чај без шеќер и половина грејпфрут

Ручек – салата од туна со свеж зеленчук по желба, како десерт грејпфрут или диња

Вечера – две свински кременадли со мешана зелена салата

4 Ден:

Појадок – кафе, чај без шеќер и половина грејпфрут

Ручек – две варени јајца со сирење, боранија, салата од домати, еден интегрален тост и потоа кафе

Вечера – пилешко, спанаќ, салата од пиперки во неограничени количини

5 Ден:

Појадок – кафе, чај без шеќер и половина грејпфрут

Ручек – сирење со ниска масленост, спанаќ и интегрален двопек

Вечера – печена риба и варен зеленчук со интегрален двопек

6 Ден:

Појадок – кафе, чај без шеќер и половина грејпфрут

Ручек – овошна салата во неограничени количини и кафе

Вечера – печено пилешко без кожа, домати и зелена салата, потоа гејпфрут или диња и на крај кафе

7 Ден:

Појадок – кафе, чај без шеќер и половина грејпфрут

Ручек – пилешко без кожа, домати моркови, варена зелка, брокула или карфиол, диња или грејпфрут и на крај од оброкот кафе

Вечера – говедско, телешко или јагнешко со мешана салата, потоа кафе

Доколку неможете без шеќер, во кафето или чајот внесувајте малку од вештачките засладувачи, а во втората недела од диетата применете го истото мени од првата.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma