Американскиот претседател Барак Обама побарал промени во политичкото делување на Куба како услов да се подобрат билатералните односи со САД. Првиот човек на САД го повика кубанскиот народ да се придружи на бранот демократски промени кои моментално поминува низ арапските земји.
Поранешниот лидер на карипската комунистичка држава Фидел Кастро во свој стил изјавил дека Обама е – глупак!
-„Колку убаво! Тој ни по 50 години блокади и злостроства врз нашата земја не сфатил дека нашиот народ не е скршен“, напишал Кастро и додал дека промени ќе се случат, но тоа ќе биде благодарение на Кубанците, а не на САД.