Чешки студентки и студенти кои останале без вообичаените повремени работи, основале агенција за чистење, а честите ангажмани ги осигурале со несекојдневна понуда. Чистењето го вршат во долна облека, топлес, или потполно голи.
Овие чешки студенти ја основале агенцијата Crazy Cleaners, а нудат несекојдневни услуги на чистење.
За 50 фунти на саат, жителите на Прага може да изнајмат студент или студентка која ќе дојде во нивниот стан да чисти во долна облека, топлес или птополно гол. Агенцијата во моментов има вработено 15 луѓе. „Останавме без работа. Се обидовме да најдеме нова, но не успеавме и тогаш се сетивме на ова,” изјави основачот на компанијата, студентката по економија Катка Копечка (21).
„Никој не сака да чисти, а сите сакаат да гледаат убави тела во акција. Нашите услуги обично ги бараат деловни луѓе кои се под голем стрес и сакаат да се опуштат.”
„Гледањето на згодна личност во долна облека како ви го чисти станот сигурно опушта. Во тоа нема ништо лошо. Сепак, тоа е само услуга на чистење на станот, а не проституција,” појасни Катка.