Жените ретко го менуваат мислењето за некого по првиот стекнат впечаток и се склони да веруваат дека знаат точно да ги проценат сите, иако често се случува да згрешат.
Кога жената ќе запознае некој маж за кого смета дека може да и биде „потенцијален“ партнер, таа во просек троши само три минути за да го процени. Во тој краток период, таа го оценува неговиот изглед, стил, мирис, елоквенција, манири, па со тоа, понекогаш и потсвесно, донесува заклучок каков би бил тој маж како сопруг и татко.
Интересно е тоа што на жените им се потребни „само“ 30 секунди за да проценат дали некој маж би се вклопил во нивното друштво и семејство. Според изтражувањето објавено во книгата „инстинкт“ на Бен Кеј, повеќето жени веруваат дека 180 секунди им се доволни да проценат дали пред нив стои „потенцијален“ партнер.
Истражувањето покажало дека жените брзо ги „отпишуваат“ оние мажи кои се напорни и непристојни, или пак доколку одлучат дека немаат ништо заедничко или дека не заработуваат доволно.
Затоа мажи, внимавајте каков прв впечаток оставате, затоа што шансите се големи тој да биде и последен.