Босански сон во Ирска, цело семејство ништо не работи, а добива 90.000 евра годишно како социјална помош.
Случајот со еден невработен брачен пар од Босна и Херцеговина, кои имаат четри деца, а добиваат 90.000 евра годишно, предизвика лавина негативн реакции во јавноста.
Во ирскиот парламент започанало вистинска војна поради тоа што во време на големи кризи, некој кој не работи и не сака да се вработи, државата му дава безобразно многу пари.
Лабуристот Џеми Харт повика на ограничување на социјалните примања и како лош пример го навел токму босанскиот брачен пар. Информацијата за нив тој ја добил од претставници на службата за социјална помош.
„ Да се разбереме, ова семејство не рботи ништо противзаконски, но самиот систем е целосно погрешен, ако брачен пар прима 90.000 ерва, а за возврат не работи ништо. Не сметам дека овој износ би бил прифатлив и во добри времиња, а камоли сега во лоша ситуација и криза во која се наоѓаме“, изјавил Харт.
Босанската фамилија, покрај тоа што добива 90.000 евра годишно, не плаќа данок на имот и сметки за комуналии. Харт пресметал дека еден ирски брачен пар треба да работи, за данок,п а годишно да заработи 140.000 евра за да им останат чисти 90.000.
Ирска, покрај Грција и Шпанија, е на листата најзадолжени земји во ЕУ, па затоа мораше да побара финансиска помош за да не банкротира.