Децата на покојниот крал на поп музиката Мајкл Џексон, Принц, Парис и Бленкет го бојкотираат судењето на докторот на нивниот татко Конрад Муреј , велат нивни блиски извори.
Според анонимни извори кои се блиски до семејството на покојниот пејач, судењето на Муреј за убиството на Мајкл едноставно е премногу болно за децата, особено за Принс и Парис, кои го видоа својот татко во безсвесна состојба.
За семејството на Мајкл фактот дека децата не се љубопитни претставува олеснување, бидејќи не сакаат тие да имаат дополнителни трауми, особено откако обвинителството покажа слики од телото на Мајкл Џексон уште на првото судење.
Иако најверојатно децата нема да сведочат, Принс изјави дека е подготвен да застане како сведок против докторот Конрад Муреј.