Сите ние сме добиле сметки за кои сме сметале дека се претерани, ама замислете го шокот на една германка кога добила сметка за интернет од милијарда евра!!! Сигурно паднала во несвест…
Умит Јавуз, која има 28 години, добила сметка за интернет од неверојатни 1.016.627.411 евра! За нештата да бидат поневеројатни, милијардерката сметка за интернет била само за еден месец!
„Бев шокирана кога видов дека на мојата сметка има 10 цифри. Ја проверував неколку пати за да се осигурам дека е вистина. Многу се исплашив“, изјавила Јавуз, која за интернет обично плаќа 32 евра месечно.
Откако „ја стегнало срце“, таа веднаш отишла во компанијата која е задолжена за интернетот во нејзиниот дом. Било утврдено дека станува збор за грешка во компјутерските пресметки, бидејќи и други корисници се пожалиле на високите сметки.
Сега Јавуз има право да ги тужи и да бара оштета, а веројатноста дека ќе го добие спорот е голема бидејќи навистина и бил приреден стрес!