„Е нема да дозволам Џеј Ло да ме надмине“, сигурно си рекол Марк Ентони кога ја видел новата куќа во која наскоро ќе се пресели. Иако Џенифер Лопез без размислување искешира неверојатни 18 милиони за нејзиниот нов дом во Хемптонс, Марк е далеку попретпазлив.
Во овие времиња на економска криза, Марк решил да ја изнајми куќата, и тоа за скромна кирија од 23.800 илјади долари месечно.
Новиот дом – палата на Марк е италијанска ренесансна вила од 1000 квадратни метри, која се наоќа во Вест Холивуд. Куќата располага со 10 бањи, високи тавани и две гостински куќи, како и студио за снимање.
За разлика од домот на Џеј Ло кој има седум камини, во домот на Марк Ентони ќе најдете само еден камин, во главната спална соба, изгравиран од италијански мермер. Па само таму и му треба, бидејќи кај и да е Марк ќе се пушти во „лов“ на нови девојки.