Пасивната сексуална активност како нежно бакнување, гушкање и милување, за еден час овозможува губење на околу 70 калории. Иако, лесното романтично играње за половина час согорува околу 103 калории, за “вистински тренинг” забрзајте го темпото и вметнете страстни допири и бакнежи, советуваат експертите.
Во еден час бакнување, ќе потрошите околу 68 калории. Ако сте доволно страствени ќе стигнете и до 90 калории. Тајната е во необичните пози, открива Џија Кинзбач. Со отстранување на градник со двете раце трошите 8 калории, откриваат италијанските експерти. Со секс загревање и исчекување за половина час трошите 238 калории.
Тајната на ефективно губење на калориите е жежок секс, тврдат сексолозите. За половина час страст се трошат околу 150 калории. Овозможување орален секс за половина час се топат околу 100 калории. Секако,со вклучување на склек-позиција или јога резултатот двојно ќе го зголемите, вели Џ. Кинзбач.
Од петок започнува секс диетата
Иако се проценува дека со половина час секс се трошат околу 150 калории, потрошувачката може да ‘скокне’ до 250, и ако сте навистина “диви”, дури и до 350 калории. Отприлика ито толу се согоруваат и во половина час трчање, вели Кери МекКлоски, автор на “Ултимативна секс диета”. По серија на ригорозни диети и обиди за губење на тежината, таа започнала страстен однос со тогаш идениот сопруг, многу брзо ги изгубила вишокот десет килограми. Своето искуство со комбинирање на здрава храна и редовна сексуалната активност ги преточила во книга и вели: “Во диетата со секс нема нервози, очај и ригорозни одрекувања. Напротив, таа едноставно го слави животот”.
Наместо ограничување на одредени видови храна К. МекКлоски советува да изберете здрава храна и препорачува водење љубов од три до пет пати во текот на неделата и еднаш или двапати дневно за време на викендите.
– Редовен секс е најлесниот и најпријатен начин за губење на телесната тежина. Покрај тоа, сексот е ултимативна вежба: слободна, забавна, подмладува, расположува и многу ефикасно ги согорува калориите – заклучува авторот.
Покрај тоа што е “опасно” затоплување на атмосферата, добрата масажа на вашиот партнер, овозможува да “изгорите” 80 калории. Но, ефектот ќе биде уште подобар ако масажата е полесна и сензуална и длабоко навлегува во мускулите, вели сексологот Џија Кинзбач. Околу 18 калории се трошат отстранување на градник со само една рака.
Забавни вежби за добра атмосфера
Во ” Ултимативна секс диета” авторот претставува специфични вежби кои може да се користат како дел од предиграта. Многу од нив имаат соодветни имиња како “љубовно клекнување”, “секси воздишка”, “крцкав бакнеж” и слично.
– Иако можеби звучи несериозно, но вежбите навистина функционираат. Забавни се и тоа е од клучно значење за постигнување на добра атмосфера во кревет – вели авторот.
“Водење љубов” со храна
Оброците треба да бидат подготвени со задоволство – исто како и со храната да “водите љубов”, вели авторот на “Ултимативна секс диета”. Во храната е важно да уживате без брзање, во релаксирана атмосфера, гризејќи го секој залак полека.
– И сензуалното облизување на усните е дел од пријатниот топол оброк – истакнува Кери МекКлоски.
“Љубовно клекнување” за интимност, добри нозе и задник
Покрај тоа што ги обликува нозете и задникот, вежбата ‘љубовноп клекнување ‘носи интимност и забава во врската, вели К. МекКлоски. Партнери стојат еден спроти друг во расчекор на ширината на колковите. Држејки се за раце, полека се спуштаат додека надколениците не се паралелни на подот (колената да не преминат преку прстите). Задржете се во оваа позиција за неколку секунди и се вратете на стартната позиција.
Со водењето љубов со умерен интензитет три пати неделно ќе потрошите 15.000 калории годишно. Со сензуално допирање на телата или силата на притисок за време на мастурбација ќе потрошите дополнителни 50 калории. Позицијата во која партнерката е постојано над партнерот се согоруваат околу 207 калории за половина час, вели сексологот Џија Кинзбач.
Со половина час секс се согоруваат околу 144 калории, но ако го збогатите искуството со длабоки воздишки, ќе согорите дополнителни 18-30 калории, велат сексолозите. Самозадоволувањето успешно согорува 100-150 калории. Но, со пет минути жешка мастурбација може да се потрошат и 300 калории, вели јапонскиот научник Д-р Шукан Токухо.
По 15 минути страсно бакнување наутро, попладне и навечер, три пати неделно согорува околу 100 калории на ден. Тоа е 36.500 калории годишно, што е еднакво на губење на околу 4,5 килограми. Оргазмот троши меѓу 60 и 100 калории, наведуваат експертите.
На вас останува да изберете, ќе држите диета или ќе водите љубов?