Пекинг – еден кинез го сокрил скапоцениот ѓердан во колач, а девојка му го изела.
Кинезот Ксјао Ли сакал да ја изненади својата девојка Ванг Ксу, па така за нејзиниот роденден и купил скапоцен ѓердан. Потоа накитот го сокрил во колач и го дал на девојка си да го вкуси.
За негова нсреќа, девојката буквално го проголтала целиот колач, заедно со ѓерданот.
„Нееееее“, извикал Ксјао, но веќе било предоцна.
„Сакав да и покажам колку ја сакам. Но таа се проголта. Морав да и ја кажам подоцна вистината на патот кон болница“, изјавил искрено кинезот.
Лекарите морале да го извадат ѓерданот со ендоскопска операција, а Ванг подоцна го фрлила.