Изгубена крава влегла во продавница на Интерспорт во австирскиот трговски центар и почнала да јаде маици. Поради овој „излет” добила ТВ договор за снимање реклами.
Кравата Лаура е снимена како влегува во продавница и ги јаде работите до кои успеала да дојде.
Животното во зградата влегло за да пронајде храна и да се заштити од ладното. Портпаролот на продавницата „Интерспорт,” Ханс Сифер, му понудил на сопственикот на кравата договор за снимање на реклама и промоција на зимска опрема.
„Лаура им дала на купувачите идеја каде може да се подготват за зимата. Вистинското место за тоа е Интерспорт. Имаме се што е потребно за зима, скии, кациги, топла зимска облека и слично,” изјави Сифер.
Фармерот Ханс Шродер е сопственикот на кравата. Тој се согласил дека ќе ја плати целата оштетена облека. Договорот кој неговата крава го добила ќе му помогне да ги покрие своите трошоци и дополнително да заработи.
„Морав да ги купам сите работи кои Лаура ги јадела, па дури и градници,” рече Шродер.
Откако кравата си се забавувала во продавницата, членовите на обезбедувањето успеале да ја врзат и да ја извадат надвор од објектот.