Милован Мича Стојановиќ бил главен готвач на Јосип Броз Тито од 1956 година па се до неговата смрт 1980 година. Тој патентирал преку 200 национални српски јадења, вклучувајќи ја и Карловачката шницла.
Мича готвел за највискои државници, како Индира Ганди, Фидел Кастро, Гадафи и Черчил. Во таа богата и интересна историја, тој бил сведок и на разни настани и анегдоти.
За Тито тој изјавил дека „јадел за двајца, а пиел за тројца“, но никогаш не се опивал, а сакал да јаде се.
Мича еднаш имал необична задача, а тоа е да глуми двојник на Тито, кога разузнавачката служба дојавила ризик за атентат. Тогаш Тито и Мича ги заменила своите соби.
Денеска Мича е пензионер, пишува мемоари и повремено дава интервјуа.