Компанијата ББР Архитекчур од Мисури, САД, успеа да влезе во Гинисовата книга на рекорди откако ја изгради највисоката пирамида од конзеви на светот која, верувале или не, е направена од 17.575 конзерви!
Компанијата се решила да употреби 2.500 конзерви повеќе од потребното, бидејќи од Гинисовата книга на рекорди им било укажано дека мора да употребат најмалку 15.000 конзерви за изградба на пирамидата.
Конзервите биле донирани од локалните супермаркети, а за изградба на пирамидата биле потребни дури 7 часа. Кога била завршена, пирамидата имала основа од 37 х 37 конзерви, што е значително повеќе од потребното за да стане гинисов рекордер!