Казиното на Доналд Трам, кое се наоѓа во Њу Џерси им нуди на коцкарите шанса како главна премија да освојат пластична операција.
Сите кои ќе го посетат казиното во текот на месец октомври и седнат пред коцкарските маси имаат шанса да учествуваат во наградната игра, а извлекувањето на среќниот добитник ќе биде соопштен на 29 октомври во самото казино.
Оној кој ќе биде извлечен во казиното на Трамп, „Таџ Махал“, ќе добие 25.000 долари за разни козметички третмани, јавиле од казиното.
„Сакавме да понудиме нешто различно од класичната промоција на казината и со овој џек пот дефинитнивно го направивме тоа“, изјавила за медиумите преставничката на казиното, Кетлин Мексвини.
„Многу луѓе сакаат нешто да променат на себе, да отстранат нешто, да затегнат некој дел од телото, но тие медицински зафати може да чинат многу“, додала таа.
Од казиното навеле дека победникот ќе ги добие парите, а ќе може да ги потроши на зголемување гради, подигнување капаци, корекции на делови на телото и липосукција.