Полицијата во Њујорк прикажала шокантни снимки, направени од надзорните камери во близина на ресторанот Мек Доналдс во Бруклин, Њујорк. На снимката можете да погледнете како вооружен маж испукал неколку куршуми кон друго лице кое избезумено се трудело да ги избегне куршумите од побеснетиот пиштолџија. Целиот настан се случил среде бел ден кога пред ресторанот имало многу минувачи.