Уште една сексипилна пејачка се најде на насловната страница на магазинот „Вог“ – овојпат станува збор за Ријана. Иако на насловната страница Ријана изгледа софистицирано и „прибано“, во едиторијалот нештата се сосема поинакви.
На насловната страница пејачката е облечена во Армани Приве креација, која и дава софистициран изглед. Во едиторијалот, пејачката се покажува во нејзиното вистинско светло: провокативна, облечена во црно трико и јакна, со разголени нозе и во високи потпетици. Нејзиниот изглед е надополнет со баретка која и стои одлично на новата фризура.
Во интервјуто Ријана вели дека музиката и нејзините песни се најважното нешто во нејзиниот живот и дека таа им е целосно посветена за да ја задоволи својата публика.
Во последно време пејачката е во центарот на вниманието на јавноста, особено откако сними провокативен спот за С&М, како и заради фактот дека се соблече топлес, па беше избркана од полето каде го снимаше спотот.