Остатоци од 200 тони сребро вредно околу 150 милиони фунти, било пронајдено во Атлантикот, што претставува досега најголема количина благородни метали некогаш откриени. Модерните трагачи по богатство со помош на современа опрема го пронашле товарниот брод “SS Gairsopa” кој потонал пред 70 години. Старите документи покажале дека во бродот се наоѓало 200 тони сребро кое денеска би вредело околу 170 милиони евра.
Бродот во февруари 1941 година, пчовел за британското воено министерство и се наоѓал на пат од Индија кон Британија. За време на бура на екипажот од бродот му снемало гориво, па решиле да се обидат да стигнат до ирскиот брег. Меѓутоа, бродот бил забележан од германската подморница која го потопила. Од 85 членови на екипажот, 32 успеале да стигнат до чамците за спасување, но преживеал само еден човек.
Компанијата Одисеј ја пронашла руината од бродот пред неколку месеци на длабочина од 4700 метри под сверниот Атлантик. Извлекувањето н потонатиот брод технички ќе биде многу тешко и поради оваа причина процесот ќе зпочне кон средината на наредната година.
Покрај тоа фирмата Одисеј се надева и на добра заработка. Нил К. Добсон изјавил дека со британската влада направиле добар договор. „ Според договорот со Министерството за трговија, ние би требало да задржиме околу 80% од среброто“, изјавил тој.
httpv://www.youtube.com/watch?v=Ehoaap6aRVY