Мора да признаеме дека и публиката и жирито во изборот на таленти најмногу сакаат личности кои на прв поглед се сосема нормални. Кога ваквите поединци ќе застанат на сецната и ќе го покажат својот талент, сите се во бунило.
Уште едно вакво шоу за паметење, приреди Џош Крајцик во емисијата X Factor. Придружуван од својата возбудена мајка, овој 30 – годишен човек возел седум часа за да застане пред жирито.
Навидум обичен и помалку “запуштен” маж, кој работи во ресторан, зaстана пред жирито со најава дека ќе ја изведува песната At Last од Ета Џејмс. Жирито и публиката не го сокриваа скептицизмот, но Џош набрзо ги разоружа.
Погледнете го неговиот настап, со кој ја освои публиката:
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=_BWPbIdFlvs