Медицинскиот Историски музеј во Берлин, ќе ги врати на Намибија черепите на 20 Намибијци, кои германските воени сили го однеле од таа земја пред 100 години.
Черепите на четири жени и 16 мажи, вклучувајќи и едно дете се транспортирани во Берлин помеѓу 1909 и 1914 година.
Германските научници на нив спроведувале експерименти сакајќи да ја докажат “расната супериорност” на белците од Европа во однос на црнците во Африка со анализи на карактеристики на лицето, изјавил менаџерот на Берлинскиот Медицински Историски музеј, Томас Шналкe.
Истражувачите претпоставуваат дека се работи за черепи на жртвите од германските сили во Намибија и луѓе кои починале во логорите кои биле управувани од страна на тогашната германска армија.
Наша обврска е да ги вратиме черепите и да се извиниме. Тоа што било направено, не било во ред “, изјавил Шналке.
Намибиската влада прво се обидела да го врати черепите во 2008 година, но биле потребни неколку години за да се утврди нивниот идентитет. Во Берлин престојува Намибиска делегација од 55 членови кои на специјално припремена церемонија ќе им бидат вратени черепите.
Се проценува дека во Германија се однесени околу 300 черепи, од тогашна Југозападна Африка, денешна Намибија, која била управувана од страна на Берлин од 1884 година до 1915 година.