Шпанецот Рикардо Абад се запиша во Гинисовата книга на рекорди, откако во Мадрид го заврши својот 366 последователен маратон.
Овој 40 годишен човек од Наваро, Шпанија, пред точно една година на 1 октомври 2010 одлучил да истрча 500 маратони за 500 дена. Со тоа што го заврши својот 366 маратон во низа, Абад го собори досегашниот светски рекорд кој зад себе го имаше запишано Белгиецот Стефан Енгелс со протрчани 365 маратони за 365 дена.
За да во потполност го оствари своето ветување Абад ветува дека ќе ги протрча и преостанатите 134 маратони за 134 дена. Во текот на 500 маратони Абад ќе претрча повеќе од 21,000 километри.
Занимливо е тоа што Абад освен тоа што секојдневно истрчува по 42 километри тој редовно оди на работа во една фабрика во Тафали во кој е вработен и обработува редовни 8 работни часа.
http://www.youtube.com/watch?v=DJ1-c-Kg1i8&feature=player_embedded