Патентирал нацрт за правење “Снешко”

popara4 октомври, 20111min00
Snow Man 3

Ова не е шега. Правење Снешко е сериозна работа. Како стар професионалец, знам колку е тешко да се направи толку голема топка од снег. Што е поголема толку е потешка за туркање по снегот. Значи, доколку сакате да направите навистина голем “Снешко”, како што направив јас, ќе треба добро да се изнаработите – напишал Асперас во својата апликација за патентирање.
Исто така, изјавил дека е шокиран што досега никој не го патентирал правењето на Снешко.

– Историјата на Снешко не е позната, но мора да кажам дека оној кој прв дошол на идеја да направи човек од снег е навистина геније. Сакам да им помогнам на луѓето секогаш да направат совршен Снешко, изјавил Асперас.

Својот нацрт го поднел во заводот за патентирање во 2006 година, а неодамна добил одговор дека е прифатен.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma