Се почесто сме сведоци на бруталниот начин на играње во спортовите, бруталните стартови на тренинзите. Се почесто слушаме за конфликтите на соиграчите на фудбалските терени, а еден таков имаше крвав крај во Колумбија.
Една од најбруталните снимки за физички напад меѓу фудбалери доаѓа од Колумбија, каде на еден играч му беше пукнат черепот по тепачката со свој соиграч.
Инцидентот се случил на тренингот, кога соиграчите Ефаин Вијафар и Едвард Хименес се претепале. Вијафар со нога го нокаутирал соиграчот, по што тој се здобил со фрактура на черепот, скршена вилица и јаболчницата на лицето.
На тепачката и предходела вербална расправа во играта ножен тенис, која е вообичаена вежба на тренинзие. Двајцата фудбалери поради суспенција го пропуштиле натпреварот со Реал Картагена.
httpv://www.youtube.com/watch?v=VuvJ1BMcYEs