Присилното заедништво и наметнатото чувство дека се мора да прават заедно не е добро за еден пар, како ни чувството дека еден партнер е премногу зависен на другиот.
Добриот пар е како симбиозата, слободното време го поминуваат заедно, имаат исти активности, и имаат исти заеднички пријатели. На тој начин се навикнати денешните генерации. Филмовите, телевизијата, и списанијата наметнуваат идеја како во врската веќе не постои индивидуалец, него постои „ние,” предупредуваат психолозите. Но присилното заедништво не е добро, како ни стравот дека партнерот е потполно зависен или потполно независен од другата половина. Тоа често е знак на несигурност и само може да биде знак дека сепак не сте пар од соништата.
„Во последните десет години, видов пораст на парови, кои не се мрaзат, туку едноствано веќе не се сакаат едни со други, затоа што се чувствуваат загушени. Скоро 90 проценти од тие бракови можеле да се спасат ако на време самите тие сфателе колку зависноста од партнерот може да биде штетна,” истакнува советникот за љубовни врски Ендру Бонер.
Партнерите освен времето за себе, треба да имаат и простор, дури и во истата соба или кафуле во кое самите тие се наоѓаат. Ако партнерот нема ни малку време за себе тоа може да го доведе до огорченост и замерување. Партнерот кој не го потикнува својот партнер да ги „руши” границите може да биде препрека на интересниот живот. Најдобар вид на љубов е таа која потикнува.
„Партнерите треба да сфатат дека се посебни единки и да дозволат така да се развиваат и да остварат сопствени амбиции, затоа што тоа е единствен начин за среќна врска,” истакнува психологот Џенифер Ејмс.