Масонот што ги предвиде трите светски војни! За две знаеме, а третата?! :(

popara4 октомври, 20111min00
99498

Алберт Пајк е американски генерал од 19 век, кој имал направено уште пред 140 години детален план за Првата, Втората и третата светска војна.

Светксите војни биле испланирани уште од 1871 година?!

Алберт Пајк бил американски генерал кој во граѓанската војна се борел на стрната на конфедерацијата, а пред 140 години напишал документ за кој тешко е да се поверува дека постои.

Тој на 15 август 1871 година имал визија, која потоа ја раскажал преку писмо на свој пријател. Ова писмо дозржи детални планови за трите светски војни кои биле неопходни да се оствари нов светски поредок.

Во писмото до неверојатни детали е опишан текот на трите светски војни, иако Пајк неможел да има увид во тие детали, освен доколку тие не се одиграле баш според неговите планови.

Првата светска војна

Првата светска војна, според Пајк, морала да се случи за да Илуминатите ја урнат власта на царот во Русија и од таа земја да направат тврдина на комунизмот и атеизмот. Конфликтот ќе го создадат илуминатите меѓу британската империја и германската империја. На крајот од војната комунизмот ќе биде воспоставен во многу земји, со цел да се уништат многу влади и да се ослабнат религиите.

Преку својот соработник Ото фон Бизмарк, поранешен лидер на Германија, Пајк долго го подготвувал теренот за првата светска војна, а сите нивни напори куминирале во 1914 година, кога атентатот на Франц Фердинанд во Сараево е искористен како изговор за започнување на конфликтот.

Втората светска војна

Втората светска војна морала да се покрене со поттикнување на конфликт меѓу фашистите и политичките ционисти, тврдел генералот. ( За да нема забуни, иако поимите „нацизам“ и „ционизам“, не биле познати во 1871 година, токму Пајк и Илуминатите ги измислиле!)

„Оваа војна мора така да се води што на крајот нацизмот ќе биде уништен, а ционизмот ќе остане доволно силен, за да се основа неазвисна држава Израел во Палестина. По Вториот светки кофликт, комунизмот ќе мора да биде јак за да се спротистави на христијанството, кое ќе биде под контрола додека не дојде време за социјална катаклизма„, напишал Пајк.

На конференцијата во 1945 година, Труман и Черчил големиот дел од Европа го предадоа на СССР.

Третата светска војна

„Третата светска војна мора да се направи со цел да се искористат разликите меѓу политичките ционисти и лидерите на исламскиот свет. Војната ќе мора да се направи таква што исламот и ционизмот ќе се уништат еден со друг. Во меѓувреме други земји, поради различни прашања,  ќе мора да се борат до потполна физичка, морална, духовна и економска исцрпеност. Тогаш во светот ќе ги пуштиме нихилистите и атеистите и ќе создадеме социјална катаклизма, која на сите ќе им го покаже ефектот од апсолутниот атеизам. Тогаш сите граѓани ќе ги истребат уништувачите на цивилизацијата и трагајќи по идеали, ќе го пронајдат вистинското светло низ универзалната манифестација на чистото учење на Луцифер. Оваа манифестација ќе следи по уништувањето на христијанството и атеизмот, кои ќе исчезнат истовремено“, напишал Пајк во својот документ за пресудата на светот.

Кој е Алберт Пајк?

Роден во 1809 година во Бостон, дипломирал на Харвард, а подоцна како генерал служел во јужната војска за време на американската граѓанска војна. Течно зборувал 16 јазици, бил командант на масонското движење во САД се до својата смрт во 1891 година. Кон крајот на своите 60-ти години бил главен лидер на Кју Клукс Клан.

Бил сатанист и се занимавал со окултни ритуали, повикувајќи се, како што и самиот пишувал на Луцифер. Бил лидер на сатанистичката група под името Црвениот паладиум, основана во Париз 1737 годиа.

Негова десна рака бил швајцарецот Филеас Валдер, поранешен советник, масон и окултист. Пајк соработувал и со масонот од 33 ред Џузепе Мацини, кој станал лидер на Илуминатите 1834 година, а наводно иницирал и основање на мафија во 1860 година.

Англискиот државник Лорд Палмерстон бил наводно уште еден од соработницните на Пајк, а негов најблизок човек во Германија бил Ото фон Бизмарк, обединувачот на Германија.

На кратко, кои се Илуминатите?

Илуминати е името на организацијата за заговор која постои од 18 век, со цел да ги контролира настаните на планетата, така што би ја менувала историјата во согласност со своите визии. Илуминатите својата контрола ја постигнуваат преку свои агенти, кои  управуваат со одлуките низ разни корпорации и влади. Целта на акцијата на Илуминатите е воспоставувањето на нов светски поредок.

Името Илуминати значи „просветлени“, движењето го основал Адам Вајсхаупт на први мај 1776 година. По реформите во 19 век Илуминатите станале тајно здружение, како тајна организација во рамките на слободните ѕидари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma