Неискуството во сексот не значи дека не треба да уживате додека го практикувате. Дури и ако вашата партнерка е поискусна од вас, може да имате прекрасна вечер доколку ги следите овие совети:
Добар ученик може да го надмине учителот: Сознанието дека вашата партнерка е поискусна од вас може да биде застрашувачко. Не дозволувајте стравот да ве блокира. Едноставно опуштете се и обидете се да откриете што ја возбудува вашата партнерка и како да ја задоволите.
Играјте на сигурно: Обидете се да ги направите оние работи за кои знаете дека сте добар. Доколку тоа се страсните бакнежи или пак еротската масажа, слободно применете ги и воодушевете ја вашата партнерка.
Ослободете се од стравот: Доколку ја допирате со страв, вашата партнерка ќе го почувствува тоа и нема да се опушти. Исто така ќе почувствуа доколку сте премногу крути. Опуштете се и препуштете и ја контролата нејзе. Така ќе научите и некој нов трик.
Пат кон непознатото: Сексуално искусните жени се научени да водат. Дозволете им да бидат водачи и тие ќе направат се за да уживате и да го „достигнете врвот“. Комуницирајте со неа преку бакнежите и милувањата, таа ќе знае како да го прочита говорот на вашето тело.
Прејдете на следниот чекор: Немојте да се „смрзнете“ во една фаза. Доколку мислите дека е време да преминете од една фаза во друга, немојте да ја чекате вашата партнерка да го направи првиот чекор. Покажете иницијатива!
Зборовите се сувишни: Разговорот за вашите претходни сексуални искуства не е баш најдобра тема за почеток на секс. Овој разговор може да доведе до тоа кој колку партнери имал, а тоа не е вистинска насока за убава интимна вечер. Меѓутоа, доколку ве праша нешто, одговорете искрено затоа што жените не сакаат лаги.