На Џастин Бибер му претеле со смрт!!!

popara5 октомври, 20111min00
justin-biber

Фановите на Џастин Бибер побарале веднаш да го одложи концертот во Перу, откако на интернет добил заканувачка порака за смрт.

Пејачот има закажано настап на 17 октомври на националниот стадион во Перу, но постои можност да се одложи поради негова безбедност, пренесуваат американските медиуми.

Групата на друштвената мрежа Facebook под наслов “Убиј го Џастин Бибер на 17 октомври на националниот стадион”, собрала 1.874 поддржувачи и со тоа ги навела фановите да се загрижат за сигурноста на неговото појавување.

Обожавателите на Бибер, кои основале група на социјалната мрежа Twitter под наслов “Бејбс не оди во Перу”, го повикуваат својот идол да го одложи патот во Јужна Америка.

Исто така, фановите покренале и онлајн петиција и веќе собрале 907 потписи да се забрани неговото заминување за Перу.

Неодамна во американските медиуми се појави вест дека Бибер ќе сними дует со пејачката Мараја Кери за својот Божиќен албум.

Претставниците на пејачите суште не се изјасниле за овие вести.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma