Едноставно кажано, ѕвездата е родена. Јужно корејските медиуми неодамна известиле дека го откриле фејсбук профилот на Ким Хан Сол, 16 годишниот внук на лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ил. Истовремено започнала хистерија, а медиумите непрекинато давале слики од неговиот профил на социјалната мрежа, истакнувајќи што сака, а што не внукот на еден од најголемите диктатори.
Според она што досега успеале да дознаат од профилот, кој веднаш потоа вил блокиран, внукот на Ким Јонг ја поддржува демократијата, а омилен филм му е ‘Love Actually’. Покрај неговиот стил на облекување, вклучувајќи фарбана коса и обетки, големо внимание предизвикала фотографијата каде тој е сликан со една девојка.
На оваа фотографија Ким Хан напишал дека девојката многу ќе му недостасува, а таа, наводно на тоа додала, „и јас тебе те сакам yeobo“ (yeobo е инаку израз за нежност кој се користи меѓу сопружниците во Кореја). Ким Хан Сол инаку живее во Кина и Макао со својот татко, кој наводно исто така има свој профил на Фејсбук.