За словенците неуставно е користењето на името Ј.Б. Тито :)

popara5 октомври, 20111min00
ljubljana1

Уставниот суд на Словенија оценил дека е неуставено и ја поништи одлуката една улица во Љубљана да го носи името Јосип Броз Тито. Името го симболизирал тоталитарниот режим. Токму поради тоа била поништена одлуката на градските власти во Љубљана да ја именуваат улицата според Тито.

Уставниот суд нагласил и дека неговата намера не била да се оценува личноста, историските настани и околности на Тито.

„Уставниот суд е заштитник на Уставот, а со тоа и заштитник на вредностите на кои тој Устав се заснова. Негова задача е преку почитувањето на уставниот ред да утврди иставно правно важни околности и врз основа на нив да одлучи за уставноста на оспорените одредби“, било наведено во пресудата на Уставниот суд во Словенија.

„Името Тито не го симболизира само ослободувањето на територијата на државата Словенија од фашистичката окупација во Втората светска војна, туку и поствоениот тоталитаристички комунистички режим, кого го имаат обележано обемни и груби кршења на човековите права и слободи, особено во деценијата по Втората светска војна“, навел Уставниот суд на Словенија.

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma