Додека спиела вереникот ја „пробушил“ дури 7 пати! Аман бе мажиште!

popara5 октомври, 20111min00
2

Една девојка од Велика Британија раскажала дека нејзиниот вереник се обидел да ја убие, иако ни ден денеска незнае зошто. Тој ја промашил нејзиниот главен крве сад при нападаот, па така таа преживеала, а тој моментално е во затвор.

Скот Смит (21) од Велика Британија седум пати ја прободел во врат својата свршеница Кирсти Холмс (20), за среќа, ножот не погодил ниту една главна артерија, ниту рбетниот мозок, па девојката го преживеала бруталниот напад. Смит за овој обид за убиство добил 15 години затворска казна. Кристи сега се подготвува да се соочи со него во затвор, за да открие зошто нејзиниот вереник се обидел да ја убие.

„Ме интересира само зошто тоа го направи. Таа ноќ отидовме во кревет заедно, се мазевме, а се разбудив со крв околу мене. Бев толку шокирана што неможев да почуствувам болка“, раскажала Киртси. Таа изјавила дека крварењето го запрела сестрата на Скот, која во тој момент се нашла во куќата.

„Ми го скрши срцето. Планиравме заеднички живот и никогаш не помислував дека може некак ода ми наштети или повреди. Нема да бидам мирна додека не го погледнам во очи и го прашам зошто тоа го направи“, изјавила девојката. Истакнала дека знаела дека Скот собира ножеви, но тоа му било хоби кое го делел со својот татко.

Нивната врска започнала во 2008 година, по одредено време таа забележала по неколку настани дека Скот е љубоморен,но не помислувала дека тоа некако може да наштети или пак дека ќе се обиде да ја убие.

По заминувањето на Скот во затвор, Кирсти започнала врска со друг дечко, со кој сега очекуваат дете. Раскажала дека и ден денска посмислува како Скот ќе бил таткото на нејзините деца. Таа на крај додала дека понекогаш и недостасува Скот, кого не го мрази, туку едноставно го жали.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma